НА 19 МАРТ 1943 ГОДИНА ВО ТЕТОВО, ВО ОВАА КУЌА Е ФОРМИРАНА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Во 1943 година во Тетово е одржан конститутивен состанок на Централниот комитет (ЦК), со што фактички е формирана КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА (КПМ), илегална и легална политичка партија. На Првата седница на ЦК на КПМ која била одржана во Тетово на 19 март 1943 г., бил формиран ЦК на КПМ во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Кузман Јосифовски, Цветко Узуновски, Мара Нацева, Страхил Гигов и Бане Андреев. КПМ била формирана во Скопје пред 28 февруари 1943 г., во присуство на делегатот на ЦК на КПЈ и ВШ на НОВ и ПОЈ Светозар Вукмановиќ-Темпо. 

Формирањето на ЦК на КПМ имало огромно политичко значење за развојот на македонското националноослободително движење и за развојот на вооружената антифашистичка војна на македонскиот народ во сите делови на Македонија и, во крајна линија, за сета иднина на Македонците. Втората седница на ЦК на КПМ се одржала во месноста Лопушник, меѓу Кичево и Дебар (4-5 јули 1943), а третата седница во близината на Отешево во Преспа (2-4 август 1943). Партијата името КПМ го променила во Сојуз на комунистите на Македонија во 1953 г., а подоцна на 5 јули 1990 г. во Сојуз на комунистите на Македонија – партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *