Во рамките на Програмата за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а за поставување театарска претстава од сопствена продукција, Домот објави повик за пријава на професионални актери, актери аматери и љубители на театарот за учество на аудиција, која ќе се одржи 19 април, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
Заинтересираните треба да пратат пријава за учество на аудицијата, со биографија, во која ќе биде и наведено искуството на сцена или мотивационо писмо за желбата за глумење на следнава е-маил адреса: d.kulturagvg@gmail.com.
Се работи за поставување на театарската претстава „Bad сарма“, трагикомична сатира, чиј автор на драмскиот текст е Стефан Марковски, а ќе ја режира струмичкиот актер, Васил Михаил. Драмскиот текст можете да го симнете на следниот линк:
https://zenica.mk/sdm…/bad-sarma-stefan-markovski/…