НА 18 МАРТ ПОЧИНАЛ КУЗМАН ШАПКАРЕВ, УЧЕБНИКАР КОЈ ПИШУВАЛ И ЗА РУСАЛИСКИТЕ ОБИЧАИ
Кузман Анастасов Шапкарев е роден на 1 февруари 1834 година во Охрид, во семејство на бедни и неписмени родители.
Во 1853 година, во Битола за првпат се сретнал со Димитрија Миладинов, кој во тоа време дошол да учителствува во овој град. Но, вујкото и внукот не останале долго во Битола, се вратиле во Охрид и отвориле свое приватно училиште кое постигнало голем успех.
Во 1856 година, Шапкарев отишол да учителствува во Струга, каде останал три години и се зближил со семејството Миладинови.
По стапките на Димитрија Миладинов, кому му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка Елисавета, почнал да го воведува мајчиниот јазик во наставата и да собира народни умотворби.
По нивната смрт, се засолнил од Охрид по добиените закани дека ќе заврши како браќата. Отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.
Во 1884 година заминал за Пловдив, каде следната година успеал да отпечати три книги, за обичајот русалии, за животот на браќата Миладинови и мал дел од своите обемни собрани материјали со народни умотворби од Македонија.