НА 13 АПРИЛ 1906 ГОДИНА ВО СТАР ДОЈРАН Е РОДЕН АНТОН ПАНОВ, АВТОР НА ДРАМАТА „ПЕЧАЛБАРИ“
Во Стар Дојран на 13 април 1906 година е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“, инспирирана од тешкиот живот на македонските печалбари е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета.
Драмата првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 година, а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари . Тој напишал повеќе прозни и сценски текстови. Умре во Скопје, на 28 август 1968 година.