НА 11 И 12 ОКТОМВРИ ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ЌЕ СЕ ПЕАТ „ПЕСНИТЕ НА ТОШЕ“

На 12. Октомври 2024 година, во организација на Естрада Мултимедија Центар за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.
На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел…
 
Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито (кое ќе биде составено од бендот на Тоше)
Овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно поскоро и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.
 
Марјан Катароски, промотор на македонски таленти во светот, организатор на музички фестивали во земјава и актуелен директор на Светската асоцијација на фестивали, години наназад со својот ангажман го носи светот во Македонија, но и на нашите млади артисти им овозможува да покажат во меѓународни рамки, што се знаат и умеат, па и да освојуваат највисоки награди. Она што во моментот го преокупира Марјан Катароски е подготовката на нешто уникатно и ново, што ќе ги разбранува емоциите кај публиката. Тоа е фестивал што е насловен „Песните на Тоше“, што ќе се одржи на 11 и 12 октомрви во Националаната опера и балет во Скопје. – Идејата за организирање на овој фестивал долго тлееше во мене и го чекаше вистинското време да се реализира. Целта е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески, и новите генерациии да ги пејат, а истовремено да успееме да им дадеме една друга димензија. Воедно, секој пејач ќе даде свој печат, а ќе се пејат, секако во живо, на јазикот на кој се снимени. Ќе има учесници од Македонија, од цела екс Југославија, од Израел, Украина, Русија… Музичарите кои секаде го следеа Тоше Проески од првата вечер, ќе ги изберат најдобрите дваесетина учесници што ќе настапат утредента, на гала вечерта.
 
Во публиката ќе има многу гости, секако и членови на неговото семејството, со кои прво разговарав за овој проект. Јас сум директор на фестивалот, а зад мене е голема, професионална екипа. Верувам дека сите заедно ќе направиме еден до најубавите настани што се одржал кај нас и низ песните ќе ја раскажеме и приказната за животот на нашиот Тоше Проески – вели Катароски. Тој додава дека очекувам од година во година фестивалот да расте. – Засега се околу и во врска со овој проект има добра енергија, поддршка, па затоа верувам, дека со музички настани како што е фестивалот „Песните на Тоше“ овие вонвременски мелодии уште долго ќе се слушаат – посакува Катароски.
Фестивалот директно ќе го пренесува Македонската телевизија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *