НА 10 МАЈ 1989 ГОДИНА ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ – МУРАТО СТАНА ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГО ОСВОИ МОНТ ЕВЕРЕСТ

Димитар Илиевски – Мурато, роден на 29 септември 1953 година во Битола, на 10 мај 1989 година, заедно со алпинистите Виктор Грошељ од Љубљана и Стипе Божиќ од Сплит, го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 метри. Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба често пати пртејки патека во снегот и пред шерпасите. Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на 8200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.
 
Димитар Илиевски е првиот Македонец кој се има искачено на Монт Еверест и за долго време бил единствениот Македонец кој се има искачено на врв повисок од 8000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *