По подолго време Mystic Dance Gevgelija им се врати на меѓународните танцови натпревари. Членовите на танцовото студио “Мистик” од Гевгелија викендот учествуваа на Денс фест во Нови Сад. После две години пауза, најголемиот танцов натпревар на Балканот повторно ги собра танцовите студија во регионот. Мотивирани, со добра енергија, во разиграна атмосфера децата од Гевгелија се враќаат со четири награди
Мини деца – хипхоп група – Прво место
Деца – хипхоп група – Второ место
Јуниори – хипхоп група – Трето место
Јуниори 2 (среднисти) – Трето место
Оваа година на Денс фест Нови Сад, покрај студијата од Македонија и домаќинот Србија, учествуваа и повеќе студија од БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Грција, Романија и Бугарија.
Танц фест Нови Сад е светски танцов фестивал кој го слави квалитетот и различноста на танцовите стилови преку настап во живо и работилници. Целта на фестивалот е да создаде услови за промоција на млади таленти, млади автори, размена на идеи и поддршка на уметниците во танцовата уметност. Сите учесници имаат можност, покрај танцот, да го промовираат своето национално наследство, традиција и култура