МОТО КЛУБОТ „РЕТКИ ПТИЦИ“ СО ЕДУКАТИВЕН ЧАС ЗА МЛАДИТЕ МОТОЦИКЛИСТИ И СО МОТО СОБИР ВО ГЕВГЕЛИЈА

Мото клубот „Ретки Птици“, денес, на ракометното игралиште во близина на салата на „Партизан“ организираше едукативен час за младите возачи на мотоцикли. Како што не информираше претседателот на Мото клубот, Слободан Дачев, целта на овој настан е подигање на свеста и личната одговорност за тоа каде најчесто грешат младите мотоциклисти, што треба да променат и што треба да направат за нивна безбедност во сообраќајот.
 
Најосновно што треба да се знае и да се почитува, вели Дачев, е носењето заштитна опрема и да се вози според правилата, нешто што тие како клуб го применуваат и го промовираат постојано. Но, тој апелира и до родителите на своите малолетни деца да не им купуваат веспи и други моторни возила на две тркала, се додека не ги исполнат законските услови за управување со истото. Да имаат навршено 16 години, лекарско уверение, заштитна опрема и да поседуваат важечки документ за управуавње со истото.
 
Освен оваа едукација за младите, за големите моторџии, истакна Слободан Дачев, организирана е забава преку ден во Мото Камп Југо: зип лајнер, ревијално натпреварување во бавно возење и други активности, додека во вечерните часови присутните моторџии ќе ги забавува групата „LIVE WIRE“.
 
Мото Клуб “Ретки Птици” Гевгелија е еден од најстарите мото клубови во Македонија, основан на 07.10.1995 година. Тоа е клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *