МЛАДИТЕ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ СО НАГРАДИ СЕ ВРАЌААТ ОД ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО СТРУМИЦА

Во Струмица се одржаа 34-те по ред Републички детски ликовни средби ,,Цвеќе – 2024″.
На манифестацијата учество зедоа 20 екипи со по три ученици и нивните ментори од Струмица, Босилово, Василево, Неготино, Пехчево, Демир Капија, Берово, Русиново и Гевгелија.
Учесниците, екипно, во природа, работеа на хамер со сув пастел во првиот дел од настанот.
Настанот се одвиваше во убавиот струмички парк пред Дом на АРМ, во фоајето и во големата сала на домот.
На овој државен ликовен натпревар, учениците Деспина Дуганова , Теодора Манчева, и Ѓорге Ризов од IX одд. освоија ПРВА НАГРАДА во категоријата цртање на хамер со сув пастел,
Во категоријата: Индивидулен цртеж- СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за ученичката Лара Џишева од VI одд. под менторство на наставничката Адриана Манчева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *