МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ФК „КОЖУФ“,ГЕНЕРАЦИЈА 2012, ГО ОСВОИЈА ТРЕТОТО МЕСТО НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО СКОПЈЕ
Младите фудбалери на „Кожуф“, генерација 2012, предводени од тренерот Трајче Ников, го освоија одличното трето место на завршниот турнир во Скопје!
Во полуфиналниот дуел составот од Гевгелија загуби од тимот на Фк Милано, по изведувањето на пенали со 5-4, додека во регуларниот дел резултатот гласеше 2:2
Во борбата за третото место беше совладан тимот на Фк Албион со резултат 3:1. За најдобар стрелец на турнирот е избран играчот на „Кожуф“ Душан Петров!