МЛАДИОТ ПИЈАНИСТ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“, БЛАГОЈА СТОЕВ, ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА „ПОЛИХИМНИА 2022“
На 7-от Mеѓународниот натпревар “Полихимниа” 2022“, ученикот од ООМУ „Васо Карајанов“, Благоја Стоев во класата по пијано кај проф. Александар Лазаров, во конкуренција од 29 учесници е добитник на прва награда со освоени 95 поени. Со ова, Благоја Стоев се стекна со право на учество во втората етапа на овој натпревар, солистичка музичка точка на концертот ” Млади надежи” кој ќе биде оддржан во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје на 7 мај оваа година. Во оваа етапа натпреварувачите може да добијат диплома ” Млади надежи”, парични награди, награди – концерт и учество на семинар и други награди.