МЛАДАТА ГЕВГЕЛИЧАНКА ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА ВЕЧЕРВА ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА НОВА КНИГА „LUNA 2“

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија денеска, понеделник, 5 јули 2021 година, организира промоција на книгата “LUNA 2” од младата авторка Викторија Јованова. Промоцијата ќе се одржи пред Народниот театар со почеток во 19:30 часот. Промотор ќе биде Маре Брзанова а за музичкиот дел ќе се погрижат учениците од ООМУ “Васо Карајанов”-Гевгелија. Промоцијата ќе биде на македонски и англиски јазик.
Авторката, Викторија Јованова е родена на 20.01.2006 год. во Гевгелија.Заврши основно образование во ОУ.“Владо Кантарџиев„ во Гевгелија.Таа пројавува голем интерес за пишување и цртање уште како мала.Нејзината голема љубов кон коњите и е основна мотивација за пишување на книгата „ЛУНА“.По успешното издавање на првата книга „ЛУНА“ продолжува со вториот дел од трилогијата „ЛУНА 2“. Покрај трилогијата „ЛУНА“ ги пишува и книгите :„His Cardigan” и „Take my Hand” исто така на англиски јазик,објавени на страната за книги Wattpad.
Во „ЛУНА 2“ Кејтлин носи поголем товар, бидејки малата Луна сега е сираче.Бидејки остана без родители,одговорноста е на Кејтлин да се грижи за Луна.Но таа се плаши дека Луна ке заврши исто како нејзините родители,пред време.Од страв да не и нанесе штета на Луна, Кејтлин се преселува во Тексас со мајка и. Во нејзиното ново училиште Кејтлин стекнува нови пријатели, но и непријатели.Продолжува да јава и дури да забележи поминале пет години.Кејтлин е среќна во Тексас, но некои случки ја терат да се врати повторно во Јорвик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *