MИТКО КРЏЕВ: СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА КОВИД БОЛНИЦА, И ПРОДОЛЖУВА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ГРАЃАНИ.
Во последните неколку дена има тенденција на намалување на ковид пациентите кои се хоспитализирани во ковид модуларната болница во Гевгелија. Во моментот пет ковид пациенти се лекуваат во неа, од кои двајца се на кислородна поддршка, ни изјави директорот на Општата болница во Гевгелија, Митко Крџев. Исто така, напомена тој, намален е и бројот на пациенти кои доаѓаат на дневна терапија во ковид болницата. Ако, во еден период имавме од 100 до 120 такви пациенти дневно, сега тој број е намален на 10 до 15. Што се однесува до вакцинацијата, вели директорот Крџев, до петокот, 3 септември, вкупната бројка на вакцинирани граѓани со прва доза изнесуваше 11.415, додека бројката на ревакцинирани изнесуваше 7.745 граѓани. Ние, вели доктор Крџев, очекуваме, со ова темпо на вакцинирање, за две недели бројката на граѓани кои ја примиле и втората доза да се доближи до бројката на оние пациенти кои се вакцинирале со една доза. Директорот Крџев уште еднаш апелираше до граѓаните, особено до помладите, кои се во моментот најмногу на удар на делта сојот, да се вакцинираат, затоа што вакцината е единствената шанса полесно да го пребродиме овој четврти бран на ковид пандемијата. На тоа укажува и фактот што Гевгелија, со вакцинирани околу 60% од населението со една доза, има најмал број на хоспитализирани и починати ковид пациенти. Тој, исто така, испрати и апел до населението да не подлегнува на дезинформациите за штетноста на вакцините, затоа што, ис