МИТКО КРЏЕВ: „ВО МОМЕНТОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ИМАМЕ 9 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И 10 ПАЦИЕНТИ НА ДНЕВНА ТЕРАПИЈА ОД КОВИД-19. СИТУАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА

За разлика од последната недела на месец јануари, кога во едно деноноќие се прегледуваа и до стотина пациенти, кога бројката на хоспитализирани во еден момент изнесуваше 20 пациенти, а на дневна терапија се третирааа околу 50 пациенти, моментално ситуацијата е стабилизирана, изјави за ТВ Нова 12 директорот на Општата болница, д-р. Митко Крџев.
„Сега , во ковид болницата имаме хоспитализирано 9 пациенти, додека бројката на пациенти кои се на дневна терапија изнесува 12, вели Крџев. Во исто време се намали и бројот на пациенти кои дневно се прегледуваат, и тој изнесува меѓу 30 и 40 пациенти.
Што се однесува до интересот за вакцинација , тој е намален и непроменет, така да на дневна основа се вакцинираат 20 граѓани и тоа претежно со трета доза.
Изминатата недела екипата за вакцинација престојуваше во Затворот во Гевгелија, каде се вакцинираа 10 затвореници, и во текстилната компанија „Меркјури, каде бројот на вакцинирани вработени изнесуваше 60.
 
 

Еден коментар за “МИТКО КРЏЕВ: „ВО МОМЕНТОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ИМАМЕ 9 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И 10 ПАЦИЕНТИ НА ДНЕВНА ТЕРАПИЈА ОД КОВИД-19. СИТУАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *