МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ УЧЕСНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски.
Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ е уметничка манифестација на која секоја година творат македонски и странски сликари. Основачи на колонијата се некои од најпознатите македонски сликари, како: Петар Мазев, Глигор Чемерски, Никола Иванов-Балтон, Димитар Стојчевски и Златко Поп-Стефанов.
„Оваа Меѓународната ликовна колонија една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, а е единствена која работи во сакрален амбиентален простор. На колонијата ќе учествуваат единаесет ликовни творци од земјата и странство и тоа од нашата земја: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска и Дејан Иванов -Маргуш. Останатите уметници кои и даваат интернационален карактер на колонијата, иако и оваа, втора година по ред колонијата се одржува во услови на пандемија, се: Светозар Тасиќ од Србија,Снежана Мелник од Украина, Георги Андонов и Љубима Брдарова од Бугарија“, информира координаторот на колонијата, проф.Јордан Михајловски.
Уметниците ќе работат по слободен тематски пристап, принцип со кој од основањето до денес се негува слободата на духот и творештвото.
Создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија, што е во функција на културниот туризам, во Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.
Меѓународната ликовна колонија е поддржана од Министерството за култура, Општина Крива Паланка и од манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *