МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО УТРЕ ИСПРАЌА ТИМ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПЕДИЈАТРИТЕ ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ЗАБОЛЕНИТЕ ДЕЦА И БЕБИЊА СО СИМПТОМИ НА РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика. Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 сетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *