МИНИМАЛНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО ЗА ЈУЛИ ИЗНЕСУВААТ 60.570 ДЕНАРИ

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА СЕГА Е 75.945 ДЕНАРИ!!!
 
Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60. 570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.
Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75. 945 денари.
Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22. 008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6. 014 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *