ПРЕКУ МЕРКИТЕ НА САМОВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ ГРАНТОВИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОСНОВАЛЕ 21 ЗАНАЕТЧИИ

Гевгелија во минатото била град на традиционалните занаетчиски дејности, од кои егзистирале голем број семејства. Затоа е потребно субвенционирање на занаетчиството од страна на државата и во иднина, за да се спречи одумирањето на овие дејности, беше кажано на вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија.
 
Според извештајот на Регионалната занаетчиска комора Гевгелија кој беше презентиран на оваа седница, на подрачјата на општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран претежно се обавуваат занаетчиските дејности: фризери, козметичари, автомеханичари, автолакери, лимари, електричари, ѕидари, молери, поставувачи на подни облоги и тишлери.
 
Вкупната бројка на регистрирани занаетчии изнесува 310 вршители. Како што е наведено во извештајот, минатата година преку мерките на АВРМ како грантови од 307.500,00 денари, се основале 35 занаечтчии, од кои во Гевгелија- 21. И оваа година, поради последиците од КОВИД пандемијата, важат општинските мерки за олеснување на последиците- намалена комуналната такса за фирма од 500 на 350 денари.
 
Она што загрижува, беше кажано, е тоа што околу половина од постојните занаетчии сеуште не се усогласени со законот за занаетчиска дејност, со што се создава нелојална конкуренција, додека општината нема увид во точниот број на занаетчии.
Инаку, годишната членарина која се уплаќа во Регионалната занаетчиска комора изнесува 1800 денари, или 150 денари месечно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *