Над 2.500 тркачи овој викенд настапија Ултра треил трката „ISTRIA 100“ на хрватскиот полуостров Истра. На оваа неверојатно возбудлива тркачка авантура, се натпреваруваат тркачи во 5 категории: 100 милји, 110 , 69, 42 и 21 километар.
Меѓу нив беше и нашиот сограѓанин и член на ЗПСК „Кожуф“, Методија Ичев, кој настапи на трката на 69 километри, со висинска разлика од 2220 метри, на која настапија 555 тркачи, и постигна време од 11 часа и 19 минути. Патеката за оваа трка поминува низ бујни шуми, длабоки кањони и недопрени пејзажи кои го сочинуваат магичниот регион во облик на срце на Јадранското Море.
„Овие трки, ни кажа Ичев, се многу популарни во целиот свет, а за мојот настап може да кажам дека беше многу напорен, бидејќи времето беше сончево со влажност на воздухот од 80%. “