И оваа година се одржува, по втор пат, Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на гевгелиската голманска легенда Никола Гелебешев.
На мултифункционалното спортско игралиште кај ДТВ „Партизан“, во организација на ЗГ Навивачка група „Фантоми Север“- Гевгелија од 15 јули се играат натпревари во мал фудбал, со учество на 27 екипи во 6 категории: Генерација 2005/2008, Генерација 2009/2010, Генерација 2011/2012, Генерација 2013/2014, Генерација 2015/2016 и Генерација 2017.
Меморијален турнир викендов влегува во завршна фаза, бидејќи ќе бидат познати сите полуфиналисти. Победници на првото Големо Финале во генерација 2017 е екипата на Авангард, која ја победи екипата на Млади Таленти со резултат од 1:0. Финалната вечер на овој атрактивен турнир ќе биде на 30.07.2024 во вторник.