МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РУРАЛНАТА ЖЕНА

„Како што од семето никнува растението, така од женските раце започнува животот и трасирањето на новите патеки, кои треба да ја донесат светлата иднина на новите генерации“. Не, жената не е семоќна, таа е само жена, мајка, работничка, домаќинка, а честопати толку нечујна, дури и незабележлива. Нејзината рамноправност со мажите, законските права и можности кои произлегуваат од законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените, би останале само зборови на хартија, доколку континуираната работа, секојдневно не придонесува за менување на состојбите. Животот, пак на жената во руралните средини, истовремено е испреплетен со различни состојби кои од една страна ја претставуваат нејзината силна страна, големината, но и нејзиниот страв, ограниченоста од различни состојби, а неретко и дискриминацијата со која се соочува.
Руралната жена за жал сеуште се соочува со низа проблеми како оние со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, нема право на породилно отсуство ниту пак боледување. Сето тоа ја става во дискриминаторна улога. Упатуваме порака до сите да ги учат сопствените деца, да ги почитуваат жените од руралните средини и да се залагаат за нивна рамноправност. Во иднина нашите деца да ја пренесуваат оваа порака до нивните потомци, бидејќи само така ќе можеме да се ослободиме од традиционалните синџири кои ги стегаат жените од руралните средини.
Им порачуваме на овие жени да бидат горди што се жени од рурална средина и да не се срамат од својата професија и како мајки ако имаат мешани деца да ги учат на рамноправност и подеднакво да го распределуваат сопствениот имот и на машките и на женските деца.
„Жените во руралните средини се невидливи, маргинализирани и оставени сами да се борат за опстанок. Околу 64 отсто од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради нивниот ангажман во домаќинството и грижата за децата, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејните фарми. Само 5 отсто од жените ретко се појавуваат како носители на имот и земјоделско земјиште. Најголем дел од нив овие практики и традиции не ги согледуваат како дискриминаторски “, се вели во соопштението од Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој.
Прв пат 15 октомври како Меѓународен ден на руралната жена е прославен во 2008година.
May be an image of 2 people, people standing and outdoors
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *