МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СПОМЕНИЦИТЕ И ЛОКАЛИТЕТИТЕ

ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПОСТОЈАТ 18 ОБЈЕКТИ ПРОГЛАСЕНИ ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА.
 
Амам, Железничка станица,Библиотека „Гоце Делчев“,Кангов конак, Андреев конак, Вила „Тина“, Народен музеј, Општина Гевгелија, куќа на Маршал Тито бр.170, „Вардарски рид, Гевгелиска чаршија, Училишна зграда во Конско, Црква „Св. Димитриј и Агова чешма во Смоквица, Археолошки наоѓалишта кај Сува река, во Милетково и во Прдејци
Ова е список на објекти прогласени за културно наследство на Македонија на подрачјето на Општина Гевгелија според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН).
 
Некој од нив се во добра состојба, но некој се препуштени на забот на времето. Затоа, како локалната самоуправа, така и секој од нас лично треба да дадеме допринос и заложба за нивна заштита и зачувување за идните генерации, односно за нашите деца и внуци.
 
Секоја година на 18 април Меѓународниот комитет на ИКОМОС го прославува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Од тогаш 18-ти април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и повредливост, за неговите потреби и за потребата за неговата конзервација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *