МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ 2024

Денес е 12 август, Меѓународниот ден на младите. Темата за овогодишното одбележување е „Од кликови до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој.“
Во Македонија се чини нема многу причини за славење на овој ден. Наодите од анализата „Млади и Попис“ укажуваат дека бројот на млади, на возраст од 15 до 29 години, во државата значително се намалува.
 
Ако во 2002 во државата една четвртина од населението биле млади, сега тој број е паднат на 18 отсто.
Ако сакаме да ги задржиме младите, да им понудиме можности, да се инвестира во политики за млади и подобрување на нивниот живот, нивното секојдневие.
Треба да искреираме политики и да ги спроведеме тие политики, да го сопреме овој процес на иселување од државата на младите луѓе, да останат тука.
 
Според истражувањата, се помалку млади се вклучени и во локалните младински совети, затоа што само шест се формирани. Според Законот за млади, 0,3 отсто од вкупниот Буџет на државата треба да се издвои за спроведување на политики за млади, како и 0,1 отсто од буџетот на секоја општина, но тоа не се случува во пракса, потенцираат истражувачите
Честитајќи го Меѓународниот денот на младите, министерот за социјална политика, демографија и млади Лимани порача:
 
„Сакам да го истакнам моето убедување дека флоскулите: „иднината е на младите” и „светот останува на младите” треба конечно да се претворат во дела. И не дека само „иднината е на младите“, туку и сегашноста е на младите. Затоа што денес ги креираме политиките и од она што денес ќе го креираме зависи каква иднина ќе имаат следните генерации. Да започнеме од сегашноста, од денес!“
 
Тој го поздрави проектот „Заедници инклузивни за млади“, и го посочи значењето на истиот бидејќи целта на овој проект е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.
„Како министер за социјална политика, демографија и млади во чија надлежност се и политиките за младите, убеден сум дека видливоста на младите во општеството и нивната вклученост во носењето на одлуките ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво,“ истакна Лимани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *