МАСКИРАНИ ДЕЧИЊА ГО РАЗУБАВИЈА ЦЕНТАРОТ НА ГЕВГЕЛИЈА НА ДЕНОТ НА ШЕГАТА-1 АПРИЛ

Шеталиштето во центарот на Гевгелија денеска беше исполнето со маскирани деца од градинките „Детска радост„ , „Цветови„ и „Сончогледи„ како и од основните училишта „Крсте Мисирков„ и „Владо Кантарџиев„ Бетмени, принцези, цвеќиња, колачиња, кловнови, пчелички, и разни „бубачки и шумски ѕверки“ и многу други маскирани дечиња дефилираа денеска низ центарот на Гевгелија на Денот на шегата, во рамки на манифестацијата „Априлијада 2024“. Тие со својата имагинација во подготовката на маските ги одушевија своите најблиски, како и многубројните присутни на оваа традиционална манифестација.
Првоаприлските маски уште еднаш ја покажа креативноста на родителите и на децата, особено детската желба барем еден ден да бидат јунаци од нивната фантазија или некој омилен лик од детските приказни и филмови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *