И покрај врнежливото време, изминатиот викенд, голем број учесници родители и деца учествуваа во акцијата ,,МАЛИ ЧЕКОРИ ДО ГОЛЕМИ ВРВОВИ”, преполна со детски џагор, игри, натпреварувачка желба за победа, истражувачка неизвесност, родителски ведри насмевки, гради полни со чист планински воздух, полн стомак, спорт и веселба.
Голема благодарност до Фондација ,,Ице Бегов” кои безрезервно ја поддржаа финансиски целата акција.
За настанот се погрижија членовите на Зпск Кожуф кои не себично помогнаа околу осмислување, подготовување, водењето и реализацијата на истиот.
Децата заминаа дома презадоволни во исчекување на наредното весело дружење.