МАКСИМ АНГОВ, УЧЕНИК ОД БОГДАНЦИ, ПОБЕДНИК НА „БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИ ДЕЦА“ НА ТРКАТА НА ПОЕЗИЈА ВО СТРУГА

Голем успех денес постигна ученикот од 4 одделение, Максим Ангов од ООУ „Петар Мусев“ од Богданци, инаку член на АК „7-ми Ноември“ Тој, во четвртата категорија, ученици родени 2012/2013, во трката на 500 метри го освои првото место. Неговиот тренер и наставник Тодор Анчев не го криеше своето задоволство од успехот на својот ученик, и во изјава за ТВ Нова 12 рече дека до сега Ангов има учествувано на две детски трки, , и на двете ги освои првите места. Анчев очекува Максим да се развие во одличен атлетичар.

Инаку, по трет пат, АК Спортски мостови и Струга овој викенд се домаќини на уличното трчање по врелиот асфалт, забава и дружење.

И годинава стандардните атлетски трки на жешкиот асфалт на 5км и 10км со рекреативен или натпреварувачки карактер ќе се одржат утре, во недела, на 21 мај, а ден порано, денес, сабота на 20 мај се одржа најпопуларната Детска трка „БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИ ДЕЦА“Хотел Боград како генерален покровител на детската трка заедно со здружението „Ретко е да си редок“ максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести. Над 50 дечиња од целата земја ја обоија Струга со трчање и беа презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.
 
Оваа година тие се натпреваруваа во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *