Во рамките на одбележување на настани значајни за Македонците и македонската историја, делегација на Македонското здружение Кочо Рацин од Белград, Србија, на ден 2. октомври 2021 година, на Костолачка Коса во кругот на црква Св Ѓорѓи – им одадоа почит на загинатите Македонци мобилизирани во Првата светска војна 1914/1918 од страна на Кралевината на Србија, на Вардарскиот батаљон кој броел 1300 Македонци од кои 1295 загинале, 473 во одбрана на Белград, Гротцка и Смедерево, а 627 на Костолачка Коса во бораба со германската армија, останатите 200 војници имале за задача да је штитат српската војска која се повлекувала со својот народ за Пеќ на Косово. Во Пеќ стигнале само 60 борци, 140 загинале. После останатите 60 војници преку албанските планини зад Скадар заминуваат низ ужасни временски и војнички услови и суровоста на Албанците каде стигнуваат само 5 (петмина), убиени се уште 55 војници. Се бореа за ветената независност на Македонија која Македонците не ја добија после Првата светска војна, а ги оставија своите млади животи далеку од нивните родни места далеку од Македонија.