МАКЕДОНСКО-ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ БЛАГОДАТНИОТ ОГАН ОД ЕРУСАЛИМ
Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има и македонско-црковна делегација. На овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји. Македонската државно-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.присуствуваше на утринската богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил. Во пладневните часови е најавена церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб.