МАКЕДОНСКО А НАПРАВЕНО СВЕТСКИ . ПРОМОВИРАН ТРЕЈЛЕРОТ ЗА НОВАТА МАКЕДОНСКА АКЦИОНА СЕРИЈА „BLACK OPS“ НА РЕЖИСЕРОТ БИЛИ ДУРМИШОВСКИ

Трејлерот за македонската акциона серија „BLACK OPS“ вчеравечер, недела, 06.јуни 2021 година беше промовиран во Скопје, во киното „Синеплекс“.
Во холивудски манир и сценарио, паркирани полициски хермелини и лузксузни лимузини со кои дел од актерите пристигнаа пред „Сити мол“, каде беа пречекани и продефилираа на црвениот тепих кој беше поставен токму пред најголемиот затворен трговскиот центар во македонската престолнина. Скопје за миг заличи на како да е дел од големите светски метрополи во кои луксузно и гламурозно се промовираат најголемите светски блокбастери.
Се работи за домашна серија во продукција на Artistic Film Production, а во режија на Били Дурмишовски. Велат, македонски акционен серијал каков досега не сме виделе.
Многу познати македонски имиња, меѓу кои и David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов – ќе бидат дел од овој акциски серијал.
„Black Ops“ е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *