МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТНИ КАДЕТИ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКОТО ВО 2023 И ЕВРОПСКОТО ВО 2024 ГОДИНА

Кадетската репрезентација на Македонија во која настапуваат браќата Тодор и Димитар Узунчеви од Гевгелија како и Антонио Николоски од Богданци, ја израдува целата спортска јавност во Македонија, откако денеска во големото финале во Рига ја победија селекцијата на Швајцарија со 24:22.
 
Со ова докажаа дека македонскиот ракомет, предводен од селекторот Стојановиќ има иднина, а си обезбедија и пласман на Светското кадетско првенство наредната година и на Европското првенство во 2024 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *