МАКЕДОНИЈА СЕ РАДУВА. СРЕБРО СО СЈАЈ НА ЗЛАТО. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВИЦЕШАМПИОН ВО ТАЕКВОНДО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО.

Македонија денеска го слави Дејан Георгиевски. Македонецот освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми.
Во финалето за противник го имаше супериорниот Русин, Владислав Ларин кој е најдобар таеквондист во моментов, Георгиевски пружи сериозен отпор, но не успеа да направи сензација и да дојде до златото.
И покрај поразот, Дејан гордо го развеа македонското знаме по крајот на борбата, слика која носи нова наша историја на Олимписките игри. Георгиевски беше првиот олимпиец кој беше дел од едно финале по нашете осамостојување, а со сребрениот медал ни го носи и најголемото одличје. Во патот до финалето, Георгиевски ги совлада Кубанецот Рафаел Алба Кастилјо и Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска, како и вториот носител, Кореецот Ин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *