Примарниот елемент вклучува размена на информации и податоци, како и развој на заедничка стратегија за меѓусебна помош и соработка во случај на поплава. За таа цел, инсталирана е мерна опрема на реката Вардар на стратешки
точки во Демир Капија и Гевегелија, со која се обезбедуваат информации и се следи нивото на водата, како и други клучни карактеристики за навремено да се реагира во случај на опасност од поплавување.
Меѓудругото, овој проект обезбедува едукација на населението, со посебен акцент на ранливите категории. Се вршат обуки и работилници од страна на експерти, ангажирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел лицата правилно да се справуваат пред, за време и после поплавите.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку програмата
INTERREG IPA и земјите учеснички и е во вредност од речиси еден и пол милиони евра.