ЛУКА ЧИЧИН-ШАИН, ХРВАТСКИ ВИРУСЕН ИМУНОЛОГ:„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ЛЕК ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ“

Една вест го обиколи светот деновиве, дека меѓународна истражувачка група на научници од Брауншваг, во која е вклучен и хрватскиот вирусен имунолог Лука Чичин-Шаин, успеала да изолира антитело кое реагира на новиот делта сој на коронавирусот.
– Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа се спречува неговиот ланец на ширење низ телото, изјави Лука Чичин-Шаин во централниот дневник на ХТВ.
– Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточната култура, туку и во живите организми. Првичните клинички испитувања се во тек за да се види како работи во клиничко опкружување. Нашето антитело е изменето на начин што се врзува за вирусот, но не и за клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме, го намалува ризикот од предизвикување несакани воспалителни последици од ваквото терапевтско дејство, истакна тој.
На прашањето кога некои од лековите за коронавирус може да се појават на пазарот, Чичин-Шаин рече дека тоа е непредвидливо бидејќи сето тоа зависи од резултатите од истражувањето.
– Се надевам дека на крајот на оваа година некој лек против коронавирусот ќе биде прифатен, но никој не може да го предвиди тоа со сигурност, заклучи тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *