“Луѓето ќе веруваат во она што медиумите им кажуваат во што да веруваат.”
“Целата пропаганда е лага дури и кога ја кажува вистината.”
Романот за дистописката иднина на Џорџ Орвел, 1984 година, е објавен на 8 јуни 1949 година. Главниот „јунак“ на романот, познат како „Голем брат“, станува универзален симбол за наметлива влада и угнетувачка бирократија.
Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.
Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.
Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.