ЛИНДИТА НИКОЛА, МАКЕДОНСКА СНАА, ЌЕ БИДЕ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ.

Таа е мажена за проф, д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка. Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.
Линдита Никола ќе биде новата претседателка на албанскиот парламент. Веста во Собранието на Социалистичката партија ја објави самиот премиер Еди Рама. Тој рече дека Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи. Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.
Линдита Никола македонска снаа ќе стана спикер на Парламентот на Албанија која како македонска снаа одлично го зборува македонски јазик.
За јавноста во Македонија ќе кажеме дека Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 год. има магистрирала на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт.
Со политиката се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот од на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 год), госпоѓа Никола беше градоначалник на Општина број 1 во Тирана.
На изборите од 23 јуни 2013 год. таа беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до ма ј2017 год. ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 год. беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Никола станува член на извршниот комитет на Социјалистичката партија. Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владдеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна колиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *