ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА “ПЛАНИНАТА – ПРЕДИЗВИК, АВАНТУРА”

ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, во соработка со основните и средните училишта од Општина Гевгелија и Општина Богданци организира ликовна изложба на тема “ПЛАНИНАТА – ПРЕДИЗВИК, АВАНТУРА”.
 
Изложбата е од натпреварувачки карактер и на истата ќе бидат изложени повеќе од 120 цртежи избрани од предметните професори по ликовна уметност во посочените училишта. Комисијата, составена од три врвни ликовни уметници од Општина Гевгелија ќе ги одберат трите најдобри цртежи кои ќе бидат наградени со пригодни награди обезбедени од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
 
Изложбата ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија на 29 мај 2024 година (среда) во 19:30 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *