ЛАНА ТРАЈКОВА ТРЕТА НА ДРЖАВНОТО ШАХОВСКО ПРВЕНСТВО ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА ВО ОХРИД
Лана Трајкова, член на Спортскиот клуб ,,Аурора” од Гевгелија, од 11-ти до 19 – ти јули учествуваше на Државно првенство во шах за слепи и слабовидни лица во Конгресниот центар во Охрид. Првенството беше во организација на Наионалната спортска федерација на слепи на Македонија. Лана, во женска конкуренција, најнапред прва, со 4,5 поени се пласираше во полуфиналето.
Потоа, таа настапи и во финалето, каде се пласираа најдобрите 6 шахистки, и на крајот го освои одличното 3 место, со освоени 3 поени од 5 партии, односно две добиени, две реми и само еден пораз.Се играше по Швајцарски систем, а овој успех сигурно ќе претставува голем стимул за нејзината натамошна кариера.