КУЛТНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ КИОСК ОД 60-ТЕ СТАНА ДИЏЕЈСКИ ШТАНД НА БРОДВЕЈ

Култниот југословенски киоск „K-67“, од познатиот словенечки архитект и дизајнер Саша Махтиг, осамна на плоштадот „Тајмс сквер“ во Њујорк, уште претходниот месец. Киоскот е поставен како дел од проектот „Тајмс сквер трансмисис 2021“ и се користи како ди-џеј штанд за пуштање музика.
Трафиката наречена „К-67“ беше неизбежна глетка во Југославија, а во неа се купуваа весници, билети, а неретко и виршли и сендвичи…
Во 1999 година, производството на овој киоск запре, а дотогаш се произведени околу 7.500 примероци. Иако повеќето останаа во Југославија, голем број киосци беа извезени и во странство – Полска, Ирак, Кенија, Нов Зеланд, Јапонија, поранешниот СССР, но и во САД.
Во мај годинава, интернет-радиото „Лот“ од населбата Гринпоинт во њујоршката општина Бруклин, менувајќи ја својата локација, организираше група ди-џеи да пуштаат музика во живо од „Тајмс сквер“.
„Гроздово-црвениот киоск K-67 од 1960-тите стана диџејски штанд и ќе емитува во живо секој ден од 10 до 22 часот. Посетителите на Њујорк и ’Тајмс сквер‘ може да уживаат во мелодиите и сцените на самото место или преку интернет-видеоврска во живо на thelotradio.com “, се вели на официјалната интернет-страна на радиото.
Управителот на „Тајмс сквер“ се пошегува дека станува збор за внесување на мал дел од Европа во Новиот свет, додавајќи дека киоскот им се допаѓа на надлежните и може да остане таму засекогаш

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *