КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И МОТО-КЛУБ “РЕТКИ ПТИЦИ ГББ” – ГЕВГЕЛИЈА
Крводарителска акција на партнерска основа ќе организираат Црвениот крст Гевгелија и Мото клубот ” Ретки птици ГББ” на 11-ти декември (понеделник), од 10 до 16 часот во Пионерски дом Гевгелија.
Секој крводарител ќе добие симболичен подарок во знак на надежта која ја даваат крводарителите за спас на човечки живот.