Членовите на здружението на пензионери од Гевгелија и децата учесници на едукативната програма „Ден со природата“ на Фондација Аполонија беа дел од работилници за цвеќарство и пчеларство кај нашите љубезни домаќини Македонка Караџова и Христијан Алчинов – Пчеларка фарма Алчинов. Тие го исполнија слободното време со креативност, убавина и природа!
– Добија многу корисни информации за овие професии и како може да станат нивно хоби
– Совети за пролетното садење цвеќиња
– Научија многу интересни податоци и приказни за пчелите
– Испешачија 2,5 километри
– Ја разбудија детската љубопитност
– Поминаа убаво време сите заедно од различни генерации
Целта на овие работилници кои се дел од проектот „Доживување на втора младост во трета доба“ е промовирање на активното стареење и меѓугенерациската
солидарност преку зајакнување на улогата и интеграцијата на постарите во локалната заедница како активни граѓани. Доколку сакате да бидете дел од наредните работилници и активности пишете ни во Inbox.
Проектот „Доживување на вора младост во трта доба“ на Фондацијата Аполонија се реализира во рамките на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Гевгелија