КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДИНАРСТВО ЗА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Членовите на здружението на пензионери од Гевгелија зедоа активно учество на креативната работилница за градинарство кај нивните домаќини од оранжериите на „Хортена“ од Богданци, земјоделско претпријатие за производство на свеж зеленчук како и за преработка на истото.
 
Пензионерите добија многу корисни информации за производство на пиперка, корнишона, краставица, кинеска и домашна зелка и многу други производи под отворено но и во оранжерии. Исто така домаќините им дадоа корисни информации и совети како може производството на зеленчук да стане пензионерско хоби. Имено, храната во иднина ќе биде се поскапа и затоа секој треба да најде начин за сопствено производство не само од економски аспект туку и како предуслов за добро здравје и благосостојба на секој човек.
 
Едукативната работилница, пензионерите ја завршија во природа на брегот од браната Паљурци.
Целта на овие работилници кои се дел од проектот „Доживување на втора младост во трета доба“ е промовирање на активното стареење и меѓугенерациската солидарност преку зајакнување на улогата и интеграцијата на постарите во локалната заедница како активни граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *