КОВИД СТАТИСТИКА ЗА ГЕВГЕЛИЈА: ДО ПЕТОК 20 АВГУСТ, 10.587 ВАКЦИНИРАНИ СО ПРВА ДОЗА ОД КОИ 98 МЛАДИ ОД 12 ДО 17 ГОДИНИ, 6392 РЕВАКЦИНИРАНИ. АКТИВНИ СЛУЧАИ 45 (ГЕВГЕЛИЈА-32, БОГДАНЦИ-11 И ДОЈРАН-2). ЗАСЕГА КОВИД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА СЕ КОРИСТИ САМО КАКО ДНЕВНА БОЛНИЦА

Согласно направениот пресек од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, која ги покрива општините Гевгелија, Богданци и Дојран ,заклучно со петок, 20 август, 2021 година, на двата Вакцинални пункта во ОБ- Гевгелија прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 10.587 граѓани. Додека, ревакцинирани се 6.392 лица, ни изјави д-р Тодорка Окова задолжена за имунизација против ковид-19 во Општата Болница со проширена дејност Гевгелија.
Таа не информираше дека до сега се вакцинирале 98 млади на возраст од 12 до 17 години.
Во просек, за една недела, од изминатиот петок, 13 август, бројката на вакцинирани се зголемила за 982 лица, а на ревацинирани за 149 лица. Што значи дека имунизацијата на граѓаните се одвива непречено, а интересот за стекнување имунитет против КОВИД-19 преку вакцина на граѓаните од трите општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија, расте, имајќи го предвид новиот бран на Корона вирус.
Во исто време, расте и бројот на новозаболени. За само една недела, бројот на новоинфицирани од делта сојот се зголеми за 30 лица од Гевгелија, 11 од Богданци и 1 лице од Дојран, или вкупно 42 лица се во моментот активни во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, што треба да ја зголеми уште повеќе свесноста кај граѓаните за користење на мерките за претпазливост(носење маска во затворено, држење дистанца и хигиена и одбегнување на посети на места каде има поголемо собирање), како и вакцинирање, како најсигурна заштита од потешки последици од делта сојот на коронавирусот
Модуларната ковид болница во Гевгелија, како што не информираше директорот на ОБ-Гевгелија, д-р Митко Крџев во моментот служи само како дневна болница, каде пациентите доаѓаат, ја примаат терапијата и си одат дома.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *