КОНСТАНТИН КАРЕВ ЗЕДЕ УЧЕСТВО НА ПАТУВАЧКАТА ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИКОТ НА НАЦИОНАЛНАТА СЛЕМ ПОЕЗИЈА НИЗ СКОПЈЕ
„Поетри слем Македонија“ го промовира Зборникот на националниот слем од 2020 година во Скопје, под покровителство на Град Скопје, а во организација на домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.
– На промоцијата присуствуваa застапените автори што учествуваа на Десеттиот јубилеен национален слем-натпревар, кој се одржа на 10 октомври минатата година, на летната сцена на НУ центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп – информираа од „Поетри слем Македонија“.
Промоцијата се одржа во движење од домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје до Старата чаршија, каде што на неколку попатни локации слемерите ја изведува својата поезија: плоштадот, Камени мост, чаршијата и др, спроведена од „Театарска работилница“ – Прилеп и Poetry SLAM Macedonia и во режија на Игор Трпчески,
– Ова е прва промоција на книга од ваков тип кај нас. На настанот учествуваа Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Цветанка Колева, Ирена Јурчева, Константин Карев, Марина Икономова Шокева, Горазд Китановски-Кени и Ива Дамјановски – додаваат од „Поетри слем Македонија“.