КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТИНЕЈЏЕРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА „ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ЕКРАНОТ“

Денес, петок, 1 декември 2023 година, во големата сала на Народниот театар во Гевгелија, вриеше од тинејџери, како во кошница. Причина за тоа беше „конференцијата“ за тинејџерите од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран „Од другата страна на екранот“ а во организација на Центарот за едукација, култура и активизам- Мултус од Гевгелија со поддршка на Европската Унија.
 
На конференцијата, главни „воведничари“ беа четворица инфлуенсери познати од социјалните мрежи во земјава, Александар Динев, Кика Цветче, Иван Ајнштајн и Дејан Мазларков. Тие во својот настап говореа за тоа што праваат од другата страна на екранот за кое јавноста малку знае, од каде им доаѓаат идеите и колку време работат на видеата што ги продуцираат. 
 
Освен за ова, на конференцијата се разговараше и за тоа како младите да се справаат со сајбер малтертирањето, како паметно да ги користат социјалните мрежи, но и се што се сервира на нив.
Конференцијата за тинејџерите имаше за цел да се зголеми свеста и чекорите кај младата популација кога се на социјалните мрежи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *