Љубителите на џез музиката во Гевгелија, во среда, на 22 мај, 2024 година ќе имаат одлична можност да уживаат во настапот на Toot quartet, со концерт насловен како „Тхе јазз анд беѕонд“. Toot quartet го сочинуваат четворица врвни музичари. Стојанче Косовски –труба, кој од 2005 година е прв трубач на Македонската опера и балет, Емилија Кабранова Филипова – пијано, активна на музичката сцена како солист, камерен музичар, и пијано придружник, Зоран Павловски е контрабасист во оркестарот при македонската опера и балет, активен преку 25 години, и Филип Шурбевски на тапани, вработен во оркестарот на Македонската опера и балет како прв тимпанист.
Концертот, кој е во организација на Музички Моменти, ќе се одржи во хотел „Аполонија“, со почеток од 20,00 часот.