КОНЦЕРТ НА ШКОЛАТА ЗА ТАПАНИ ПОД МЕНТОРСТВО НА МОМЧИЛО ДЕЛЕВ

Школата за тапани при ЈОУ „Дом на култура-Македонија“, утре, 2 септември 2024 година , ќе го одржи својот втор концерт.
Под менторство на Момчило Делев, 12 ученика кои го изучуваат ударниот инструмент тапан, пред гевгеличани ќе ја претстават овогодишната работа на школата. Во програмата за концертот, се предвидени изведби на домашни и странски рок и поп-песни.
Концертот ќе биде одржан на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *