КОНЦЕРТ НА ЕЗЕРКИ & 7/8 ВО „ЛИСИНСКИ“ ВО ЗАГРЕБ – МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО НА ХРВАТСКА

Во организација на Хрватско-македонското друштво во салата „Лисински“, во Загреб, на 26 октомври се одржа концерт на групата „ ЕЗЕРКИ & 7/8, со кој тие прославија 28 години од своето постоење.
Езерки и 7/8 (седум осмини) се етно-група која работи под покровителство на Хрватско-македонското друштво во Загреб. Езерки и 7/8 со речиси непроменет состав функционираат 28 години, а станува збор за хрватски државјани кои живеат во Загреб. Некои од нив се Македонци по раѓање, а некои се поврзани со Македонија со „ништо повеќе“ од оние ситници што всушност го сочинуваат животот.
Езерки ги предводи Дарка Краговиќ, внука на познатиот хрватски маестро Миљенко Прохаска, а виртуозниот оркестар 7/8 го води виолинистот Бруно Урлиќ, кој е аранжер и продуцент на целиот опус Езерки и 7/8. Урлиќ, инаку, е соработник на многу популарни музичари, како Зоран Предин и други.
 
Критиката и професијата ги препознаа Езерки и 7/8 како најважна трага на македонската музика надвор од Македонија и на таа група и даваат целосен легитимитет за претставување на македонската култура низ светот, а споредбите на некои новинари со легендарната Реј Кудерова група „Буена Виста Социјал Клуб“ се интересни… Акцентот е ставен на автентичноста, топлата акустична продукција, одмерени аранжмани со минимално, но неопходно отстапување од оригиналот за да се доближи оваа музика до новите генерации.
Концертите се полни со ритам и позитивна енергија, а публиката на работ на транс во текот на целиот настап учествува и им помага на изведувачите со продолжен аплауз и разни звуци во опасни неправилни ритми.
 
Комплетната дискографија е создадена во соработка со издавачката куќа Далас рекордс; Livingroom (2003), Baknež (2006), Spektakl (CD/DVD 2008), Mustra (2010), Amphiteatar (2014) и Ludi za Makedonija (Најдоброто од 2017). Тие го објавија и документарниот филм „Луди за Македонија“ кој сликовито ја објаснува историјата на бендот и нивните врски со Македонија. Албумите на оваа група дури беа вклучени во две меѓународни компилации: Gypsyland (Petrol/EMI) – САД и Gypsy music of the Balkans (Arc Music) – Велика Британија, а во областа на етно-музиката се меѓу најпродаваните во Хрватска. .
 
Ансамблот имал досега бројни настапи на градските плоштади, во сали, театри и на фестивали во Хрватска, Македонија и многу подалеку.
Го паметиме и нивниот настап во Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелија-град на културата“ во 2011 година.
Македонската музика е белег кој мора да се зачува и да ја чуе целиот свет“, изјави Лена Гапиќ од „Езерки“ и „7/8“, родум од Гевгелија, која, исто така, е и иницијатор за создавање на групата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *