КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛАГА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА ОДИ НА РАБОТА СО КОВИД СЕРТИФИКАТИ.

Вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и во сите државни институции треба да покажат потврда дека имаат примено барем една доза вакцина за да одат на работа предлага Комисијата за спречување заразни болести, како мерка против ковид-19, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тие што не се вакцинирани, а работат во јавната администрација ќе треба еднаш неделно да прават ПЦР тестирање, но на своја сметка. Како важечки документ ќе се земе и доказот за прележаност на вирусот во последните 45 дена, сметано од денот на оздравувањето. Луѓето, пак, кои заради здравствени причини не смеат да се вакцинираат ќе треба да достават специјалистички извештај за причината. Министерството за здравство ќе излезе со список на болести и на специјалисти кои може да ги издаваа тие извештаи, рече министерот за здравство.
Тој препорача кон овие мерки да се приклучат и приватните компании. Комисијата предлага и вакцинацијата за здравствените работници да биде задолжителна.
Филипче вели дека ќе се предложи секоја институција да назначи лице кое ќе врши проверка на сертификатите.
May be an image of 2 people and outdoors
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *