КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ МОЖЕ ДА ПРЕПОРАЧА ДА СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И НОСЕЊЕТО МАСКИ НА ОТВОРЕНО.
Комисијата за заразни болести, во петок или во понеделник би можела да расправа за евентуално олабавување на анти-ковид мерките. Најверојатно ќе бидат препорачани нови мерки, а дел од сегашните, кои се на сила до 1 јуни ќе престанат да важат.
Актуелната епидемиолошка состојба е поволна.
На целата територија на државата има драстичен пад на новозаразените, има многу исписи од ковид-центрите на пациентите кои болнички се лекувале поради компликации на корона вирусот, а зголемен е бројот на аплицирање на вакцините против Ковид-19. Ваквата ситуација укажува дека најверојатно од почетокот на јуни ќе се препорачаат некои нови мерки, односно ќе се олабават постоечките. Можно е да се препорача укинување на мерката носење маски на отворено, како и полицискиот час кој сега почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина. Доколку се укине полицискиот час можно е и работното време на угостителските локали да се врати по старо, односно до полноќ во деновите од понеделник до петок, и до 1 часот по полноќ за време на викендите.
Но секако, тоа би се однесувало на работењето на локалите само на летните тераси, не во затворено.