КОМИСИЈАТА ПРЕДЛАГА УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, А ЛОКАЛИТЕ СО РАБОТНО ВРЕМЕ ДО 23.30

И во наредните две недели да остане на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина е препораката на Комисијата за заразни болести по редовниот утринскио состанок.
 
Оттаму брифираат дека целта е да нема промени во рестриктивните мерки со цел поголема стабилизација на епидемиолошката состојба во земјава.
 
-Сведоци сме на секојдневно намалување и на бројот на новозаразени, како и на бројот на примени пациенти во болниците, значи епидемиолошката крива овие денови е постојано во надолна линија, но уште две недели ќе важат рестриктивните мерки за да не се случи нешто непредвидено.
 
Значи полициски час од полноќ до 4 часот забајле и кафеаните, рестораните, локалите, сите угостителски објекти ќе го имаат сегашното работно време, односно до 23.30. Сепак станува збор за респираторен вирус, кој веќе добро знаеме, може да избувне во секое време. Оставаме простор да ја држиме ситуацијата под контрола, барем додека се извакцинираат уште 100.000 граѓани, а со ова темпо на вакцинација, тоа ќе се случи за 14-дена. Значи, за да имаме непречен процес на вакцинација, не смее да ни се случи огромен број новозаразерни на дневна основа, велат извор од Комисијата за заразни болести.
 
Иако нема конкретен датум кога би имало ново олабавување на рестриктивните мерки, Комисијата за заразни болести, најверојатно ќе препорача од 1.јуни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *